Потпишан Кодекс за фер и демократски избори од страна на кандидатите за Градоначалник на општина Гевгелија
Денеска, во Големата сала на Советот на Општина Гевгелија,
од страна на потврдените кандидати за Градоначалник на општина Гевгелија, во присуство на Општинската изборна комисија, беше потпишан Кодексот за фер и демократски избори. Имено, согласно Изборниот законик, Кодексот го потпишаа кандидатите: Сашо Поцков од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“, Андон Сарамандов од ВМРО и коалицијата „Обнова за Македонија“, Виктор Петков од Движење „Одлучно за сите“- ЛДП и Дом и Глигор Петков од независната листа „Група избирачи“ Томе Ќичуков.
Со потпишувањето, кандидатите за Градоначалник на општина Гевгелија се обврзуваат на демократски изборен процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.
Поцков, Сарамандов, В. Петков и Г. Петков се обврзаа да го почитуваат законот, да не ги користат државните капацитети и потенцијали коишто им припаѓаат на сите граѓани, за фер натпревар и еднаквост на силите на сите кои учествуваат во кампањата. На овој начин се зацврстуваат фундаменталните вредности на демократијата и се придонесува за градењето на довербата во изборниот систем. Оваа година, за прв пат беше воведена потточка за дискриминација по род со што Кодексот се проширува за уште една важна категорија.