ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со обука на тема: „Зелена инфраструктура"
Во рамките на проектот AQUA-M - II -
„Одржливо управување на водните ресурси во прекуграничниот регион“, денеска, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија одржа обука на тема: „Зелена инфраструктура“. Имено, и дел од активностите во овој проект. На обуката беше презентиран проектот и неговите активности, а, исто така, беше презентирана и набавената опрема во рамките на проектот од страна на ЈПКД „Комуналец“. Наменета за потребите на Прочистителната станица во Гевгелија. Промовирана беше и брошурата „Вода, пестициди и нивната правилна употреба“, подготвена од страна на партнерите во проектот.
Присутните на обуката имаа можност да се запознаат со значењето на Зелена инфраструктура - одржлива мерка за борба против ефектите и спречување на ризиците поврзани со климатските промени. И преку, дискусија, со своите идеи да придонесат во следните активности во управувањето со водните ресурси во општина Гевгелија и регионот. Како и за нови прекугранични иницијативи за подобар менаџмент со водните ресурси.
Проектот AQUA-M II е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020.