Гевгеличани го доживеаја првиот романтичен пикник во 21 век
Гевгелиската публика викендот имаше можност да романтичари
под потвореното небо над градскиот парк кај Железничка со музичкиот перформанс на браќата Стојанови. Во една прекрасна атмосфера, со магичните звуци од пијано и виолина, вкусување вино, уживање во пријатното време и разговор, гевгеличани го доживеajа првиот романтичен пикник во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.
Голтки од инструменталки од домашна и странска музика со голтки од сортните вина што ги служеше „Бариста“, беа на менито од „Романтичен пикник под ѕвездите“. А, фенерите со свеќи и чергите со перничиња на земјата допринесоа гевгеличани да избегаат од секојдневието, релаксирајќи се со своите деца, роднини и пријатели, на локација којашто се потврди како одлична за вакви настани. Имајќи предвид дека градскиот парк кај Железничка ги исполнува условите исто како и еден современ кафе-бар со игротека за деца.
И, се потврди тезата на Домот на култура дека ова е настанот што ја одбележа годината. Затоа што бројот на посетители и нивната насмевка на лицето докажа дека на Гевгелија и се потребни вакви настани на отворено.