Одбележана 77 годишнината од ослободувањето на Гевгелија
Денот на ослободувањето на Гевгелија - 7 Ноември,
беше одбележан со повеќе културни, спортски и други манифестации. Во чест на 77 годишнината од ослободувањето на Гевгелија беше положено цвеќе пред спомен обележјата на народните херои, во паркот пред Основниот сујд, на првоборците во НОВ од Гевгелиско, на шеталиштето пред градската фонтана, како и на Спомен-костурницата. На тој начин делегациите на и од страна на претставниците на СЗБ од НОВ-Гевгелија и подржувачите, на делегации на општина Гевгелија, на политичките партии и граѓанските здруженија им оддадоа почит на сите жртви на фашизмот,
-За слободата на Гевгелија, беа положени 74 животи, од кои 13 потекнуваа од самиот град Гевгелија. Меѓу нив се и шестмина борци на гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“. Ние и денес, а и натаму, ќе им се поклонуваме на овој ден, и на нив, како и на сите жртви на фашистичкиот окупатор. Во аманет на младите им оставаме порака никогаш да не го заборават нивното дело, истакна во своето обраќање пред Спомен костурницата Јане Ташковски од Општинската организација на Сојузот на борците.