Јубилеен концерт на хорот „Гортинија“
Градскиот мешан хор „Гортинија“ своето 25 годишно постоење и
музицирање ќе го одбележа со Јубилеен концерт, што ќе се одржи на 13 ноември 2021 година, во сабота. Гевгелиските хористи својот значаен јубилеј ќе го одбележат со настапот во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Концертот започнува во 19.30 часот, а се очекува гевгелиската публика уште еднаш да ужива во настапот на овој реномиран хор во земјата и странство.
На концертот ќе бидат изведени повеќе хорски композиции од богатиот репертоар на „Гортинија“ под диригенската палка на Илија Атанасов. А, како гости на концертот ќе настапат Костадин Издушнов на кларинет, Маја Зафирова и Софија Јакимова на виолина, Панче Кралев на контрабас, Влатко Сапламаев на пијано и Меглена Лазаровска и Радмила Зашева на флејта.