Извршено примопредавање на градоначалничката функција
Денес градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов
оствари средба со досегашниот градоначалник Сашо Поцков во градоначалничкиот кабинет. На средбата Поцков на новоизбраниот градоначалник Сарамандов му честита за изборот и му посака успешна работа. Истовремено, го информираше за тековните активности во Општината, како и проекти во фаза на реализација.
Градоначалникот Андон Сарамандов се заблагодари на честитката и притоа нагласи дека пред општината стојат повеќе предизвици, но, и негова подготвеност за целосна ангажираност во интерес на граѓаните. Исто така, најави реализација на повеќе проекти, кои значително ќе го подобрат квалитетот на живеење во Општина Гевгелија.