Општина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2022 г.
Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање програми, проекти,
натпревари и манифестации од областа на спортот од значење на општина Гевгелија за 2022 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсот ќе трае од 19 ноември до 18 декември, 2021 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2022 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Резултатите од Kонкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот, од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на веб-страната на Општина Гевгелија, на следниов линк: КОНКУРС.