Поголемо внимание и грижа во текот на грејната сезона за заштита од пожари
TППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија повторно упатуваат апел
до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран да преземаат активности за заштита од пожари за време на грејната сезона. Имено, се апелира до граѓаните:
- да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи;
- да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи;
- да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите. Како и да се избегнува преоптовареноста на електричните инсталации, премостување на осигурувачи и да се внимава на кратки споеви и електрично искрење.
- редовно да се контролира исправноста на хидрантите, да се одржуваат противпожарните апарати и врши примена на другите мерки за заштита од пожари во институциите, како: училишта, болница, градинки, спортски сали, индустриски и станбени објекти.
- да се одржува проодноста до станбените згради и проодноста на скалите за брза интервенција на ТППЕ- Гевгелија доколку има потреба.
- Ваквиот апел е со цел оваа сезона на греење да биде без пожари. Бидејќи, во измината година, во текот на грејната сезона се регистрирани 18 пожари, а на почетокот на оваа сезона беа опожарени и куќи. И тоа, најчесто од невнимание и непочитување на мерките за заштита од пожари, велат од ТППЕ- Гевгелија.