Обуки за мали производители на локални производи и домашни продукти
Како дел од активностите на проектот:
„Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“, во тек се обуки за мали производители на локални произвои и домашни продукти, на кои ќе се претстави концептот: „Kратки синџири за снабдување со храна. Обуките ќе бидат одржани во Гевгелија, Богданци и Валандово. Заинтересираните земјоделски производители кои ќе присуствуваат на настанот, понатаму ќе имаат можност да бидат дел од проектните активности со кои ќе бидат запознаени на самиот настан.
Проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“ е поддржан од страна на Генералниот секретаријат при Влада на Република Северна Македонија, одобрен во рамки на Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година.