Изработка на проекти од интерес за граѓаните во општина Гевгелија
Во рамките на проектот ReLOaD 2, кој Општина Гевгелија го реализира
со Програмата за локална демократија- УНДП, пред објавување на јавниот повик за финансирање на проекти на Граѓански организации, вчера, во Народниот театар, беше одржана дебата за приоритети. На дебатата присуствуваа граѓански организации кои делуваат во нашата општина, претставници од администрацијата кои работат на проектот, како и претставник од УНДП-раководител и координатор на оваа Програма за локална демократија, г-ѓа Билјана Георгиевска.
Се дебатираше по претходно утврдени приоритетни области и нивни потприоритети, а од страна на граѓанските организации беа дадени и други нивни предлози за дополнување на приоритетите, како би можеле тие да конкурираат со нивни проекти. Се покажа интерес за изработка и имплементација на проекти од областа на туризмот, културата, заштита на животната средина, млади, локалниот економски развој, како и од областа на социјалната заштита, човекови права и социјална инклузија.
Првиот јавен повик за аплицирање со проекти е планирано да се објави во јануари, 2022 година.