Конкретни решенија и предлози во интерес на проблемите и потребите на граѓаните
Во рамките на редовните активности, а со цел решавање на
проблемите и потребите на граѓаните, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов одржа работен состанок со вработените во Секторот за урбанизам. На состанокот, раководителите на Одделенијата го информираа Градоначалникот за активностите, актуелните проблеми со кои се соочуваат, како и за напорите за изнаоѓање на заеднички решенија за истите. Збор стана и за идните проекти и подготовката на техничката документација, како и забрзување на постапката за донесување на урбанистичките планови кои се во процедура.
Градоначалникот Сарамандов најави се почести средби со општинската администрација, на кои ќе се изнаоѓаат начини за побрза реализација на најавените проектите, кои се од приоритетно значење за граѓаните. Исто така, средби ќе се одржат и со вработените во локалните јавни установи и претпријатија. Имено, ова беше едно од залагањата во изборната кампања - за мотивирана и ефикасна администрација, која ќе работи во интерес на граѓаните, настојувајќи ваквата определба да ја спроведува до крајот на градоначалничкиот мандат.