Аплицирање на Конкурсите за финансирање проекти од областа на културата и спортот до 18 декември
До 18 декември, 2021 година, физички и правни лица можат
да поднесат апликации за финансирање програми и проекти од страна на Општина Гевгелија кои ќе се реализираат во наредната 2022 година. На Конкурсот за финансирање проекти на култура имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во државата за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи. Додека, на Конкурсот за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во државата за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2022 година“ и „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2022 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Потребната документација за аплицирање, заинтересираните можат да ја најдат на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.