Новогодишен дочек на Градскиот плоштад со локални изведувачи
Граѓаните на Општина Гевгелија по подолго време ќе можат
заеднички да ја дочекат Новата 2022 година на Градскиот плоштад во Гевгелија. Општина Гевгелија ќе организира новогодишна прослава на Градскиот плоштад со локални изведувачи. Под наслов „Гевгелија заедно во Новата година“, целта е новогодишниот дочек да мине во пријатен амбиент со музика за сечиј вкус, а во изведба на веќе афирмирани постари и помлади гевгелиски музичари. Притоа, ќе се води сметка и за протоколите за заштита од КОВИД-19.
На новогодишната прослава „Гевгелија заедно во Новата година“ ќе настапат: дуото Борис Ќаев и Мартин Костадинов, Оливера Станковска, „Лајф бенд“, „Фрка бенд“, Дејан Малзарков, „Панта реи“ и DJ Mad Kid. Новогодишниот дочек започнува во 20:00 часот.