По иницијатива на граѓаните, исчистен крајпатниот канал во Ума
Изминатиов викенд, во Ума беше организирана акција за
чистење на каналот крај патот што води до ова населено место. Во организација на Месната заедница и со поддршка на Здружението на Власите „Мегленија“ беше организирано чистење на каналот во должина од скоро 1,5 километар. Притоа, каналот беше целосно исчистен од Ума до чардакот „Мегленија“. Во акцијата, покрај граѓаните, учествуваа и градежните фирми „Вики компани“ и „Рина ком“ од Гевгелија со својата механизација.
Општина Гевгелија ја поздравува самоиницијативната акција на граѓаните, кои го прифатија повикот на Месната заедница, како и учеството на компаниите кои на овој начин ја потврдија својата општествена одговорност. Особено, што крајпатните канали се од голема важност за непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, се изразува уверување дека ваквата иницијатива ќе биде прифатена и во другите населени места.