Советот на Општината ќе расправа по Предлог-Буџетот за 2022 година
Советот на Општина Гевгелија, на својата четврта седница,
закажана за 29 декември, 2021 година (среда), ќе расправа за Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија во 2022 година. Покрај Предлог-Буџетот за конечно донесување на Буџетот на Општина Гевгелија во 2022 година и одлуката за негово извршување, на дневен ред ќе се најдат и измените и дополнувањата на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2022 година, а ќе се расправа и по двете Буџетски програми - за уредување на градежно земјиште и за реконструкција, изградба и изведба на општински улици и патишта. На третата седница, Советот ќе расправа и за Предлог-Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2022 година. На оваа седница на Советот на Општина Гевгелија, на дневен ред се и Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на ЛЕР и прекуграничната соработка, Програмата за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2022 година и Програмата за поставување урбана опрема. Предмет на расправа ќе бидат и Финансовите планови на основните училишта и средното училиште, културните установи, како и на ЈОУДГ „Детска радост“, разрешувањата и именувања на членови во Локалните комисии, како и разрешувањето и именувањето член во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар, со почеток во 12:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. Утврден е следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2022 година,
2. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2022 година,
3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година,
4. Предлог-Одлука за донесување на Буџетски календар за планирање и донесување на Буџетот на Општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2022 година,
6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година,
7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2022 година,
8. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2022 година,
9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2022 година,
10. Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2022 година,
11. Предлог-Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација во општина Гевгелија за 2022 година,
12. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2022 година,
13. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)-Гевгелија за 2022 година,
14. Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2022 година,
15. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2022 година,
16. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2022 година,
17. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија за 2022 година,
18. Предлог-Програма во областа на еднаквите можности на жените и мажите во општина Гевгелија за 2022 година,
19. Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2021 година,
20. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2022 година,
21. Предлог-Одлука за престанување со работа и ливидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ливидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња "АСТРА-ЛУНА" - Струмица,
22. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2022 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ "Јосиф Јосифовски"- Гевгелија за 2022 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ "Владо Кантарџиев"- Гевгелија за 2022 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ "Крсте Мисирков"- Гевгелија за 2022 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ "Ристо Шуклев"- Негорци за 2022 година,
27. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ "Климент Охридски"- Миравци за 2022 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ "Васо Карајанов"- Гевгелија за 2022 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија за 2022 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура "Македонија"- Гевгелија за 2022 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев"- Гевгелија за 2022 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет "Кирил и Методија" - Гевгелија за 2022 година,
33. Предлог-Решение за разрешување членови на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија,
34. Предлог-Решение за именување членови на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија,
35. Предлог-Решение за разрешување членови во Комисијата за односи меѓу односи меѓу заедниците во општина Гевгелија,
36. Предлог-Решение за именување членови во Комисијата за односи меѓу односи меѓу заедниците во општина Гевгелија,
37. Предлог-Решение за разрешување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
38. Предлог-Решение за разрешување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
39. Предлог-Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈПКД ″Комуналец″- Гевгелија,
40. Предлог-Решение за именување член на Управниот одбор на ЈПКД ″Комуналец″- Гевгелија.