Новогодишна виртуелна трка во организација на АК „7 Ноември“- Гевгелија
На 31 декември, 2021 година, Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија
организира „Новогодишна виртуелна трка“. Стартот на трката најрано ќе започне во 00:00 часот, а истрчаното време треба да биде завршено најдоцна до 23:59 на 1 јануари, 2022 година. Патеката за трчање е во должина од 5 километри. Патеката започнува од кружниот тек на булеварот „Гевгелија“, продолжува по булеварот кон влезот на градот, надвозникот, БП „Окта“ и завршува до Мотел „Сенатор“, до самиот крај на асфалтираниот пат. Атлетичарите треба да се вратат назад, трчајќи по истата патека. Виртуелната новогодишна трка е со натпреварувачки карактер. Следат новогодишни подароци за тројца победници во машка и женска конкуренција. Пријавувањето за учество на трката трае до 29 декември, 2021 година, најдоцна до 23:59 година и е бесплатно. Организаторите апелираат да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, учесниците да бидат облечени соодветно спрема временските услови, бидејќи, како што нагласуваат, сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
За потребите на виртуелната трка се одобрени апликации за трчање, од кои ќе бидат познати резултатите од истрчаното време на натпреварувачите (Elapsed time), и тоа, само со испраќање слика од апликацијата (Strava и Garmin connect) на официјалната е-маил адреса на Клубот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..