Голем интерес за реализација на проекти од областа на спортот и културата
Согласно објавените Конкурси од страна на Општина Гевгелија
за финансирање на проектни активности од областа на културата и спортот во 2022, годинава, голем број физички и правни лица доставија апликации за добивање финансиска поддршка, за реализација на традиционалните, но и многу нови манифестации во градот. Во законскиот рок по Конкурсот за култура, во Општина Гевгелија пристигнале 49 апликации, додека по Конкурсот за спорт, 41 апликација. Повеќето од апликантите се: културни институции, самостојни уметници, невладини здруженија, самостојни спортисти и спортски клубови од општина Гевгелија, но и од други градови во државата.
По разгледувањето на апликациите, резултатите од Kонкурсите ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година и Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија за 2022 година, кои се очекува да бидат донесени на некоја од наредните седници на Советот на Општина Гевгелија во новата година, а ќе бидат објавени во Службен гласник и на веб-страницата на Општината.
Исто така, ќе бидат донесени и Програмите за финансиска поддршка на Месните заедници и Невладините организации од општина Гевгелија за 2022 година. А, по нивното донесување истите ќе бидат објавени во Службен гласник и веб-страницата на Општината.