Градоначалникот Андон Сарамандов во посета на Црквата во Милетково
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
денеска, беше во посета на населеното место Милетково, каде што оствари средба со група жители од Месната заедница. Со жителите збор стана за проблемите кои се соочуваат и го попречуваат нормалното функционирање. Како и нивното запознавање од страна на Градоначалникот со неговите планови за развој на ова населено место.
При посетата на Милетково, Андон Сарамандов направи обиколка и на селската црква „Св Петка“, каде што во тек е внатрешното уредување на црковната трпезарија од страна и по иницијатива на Црковниот одбор со сопствени средства и помош од донации. Имено, Општина Гевгелија за внатрешното уредување на црковната трпезарија обезбеди донација. Жителите на населеното место Милетково изразија благодарност до Општина Гевгелија и градоначалникот Сарамандов, за неговата отвореност во соработката со Месната заедница.
Инаку, црквата „Св. Петка“ е стара црква, изградена пред 1860 година. Првичната црква била опожарена и изгорена за време на Првата светска војна. По војната била обновена, но во 1931 година повторно била разурната од катастрофален земјотрес. По вторпат била обновена во 1932 година. Денешната црква „Св. Петка“ е трикорабна, со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривната конструкција е на две води. Објектот е изграден од обичен камен. На јужната и западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Иконите, што го исполнуваат иконостасот, се од поново време кога, всушност, била обновена црквата.