Второто полугодие од учебната 2021/2022 година ќе започне на 1 февруари
Владата на втората редовна седница донесе одлука
почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се пролонгира, односно наставата со физичко присуство да започне на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен KОВИД-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.
Имено, Владата упатува апел до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, во домашни услови и на отворено.