Запознавање со имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“
Денеска, во Општина Богданци, беше одржан состанок на Управен одбор
на ЛАГ Бојмија. На кој членовите од страна на претседателот на ЛАГ Бојмија беа запознаени со почетокот на имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“. Проектот е финансиран од УСАИД, а го имплементира Мрежата за развој во партнерство со: ЛАГ Бојмија, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Малеш - Пијанец, ЛАГ Беласица - Огражден, ЛАГ Абер 2015 и СЕГ Консалтинг.
Одржливиот развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата е во фокусот на овој проект, истакна претседателот Ристо Атанасовски. Притоа, развојните предизвици треба да бидат надминати потпирајќи се на сопствените ресурси и зголемен ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.
Програмата за развој на заедницата ќе биде катализатор на развојот предводен од локалните чинители, како докажан одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во соодветни тематски сектори или географски подрачја. Програмата ќе спроведува нов партиципативен пристап за решавање на проблемите со кои се соочуваат руралните средини.