Лани, поднесени и одговорени 20 барања за слободен пристап до информации
Во текот на минатата година, до Општина Гевгелија
биле поднесени 20 барања за информации од јавен карактер. Надлежните општински служби одговориле во законскиот рок, односно ги доставиле сите барани информации од јавен карактер. Според Годишниот извештај за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година, најголем број од поднесените барања се однесувале на бројот и на структурата на вработените во општинската (5), потоа за младинските политики и учеството на младите во општественото живеење (3), потрошените средства за склучените договори за телевизии и весници и објавување на соопштенија (3), за јавните набавки (2), како и за барања од областа на урбанизмот, пандемијата од КОВИД-19, донации и за семејното насилство.
По ниедно барање не е поднесена жалба, а скоро сите барања се поднесени од страна на невладини организации и поединци. Инаку, на веб-страната на Општина Гевгелија, покрај основните податоции за комукација и остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се наоѓаат и линкови до одредени барани документи. Со Годишниот извештај за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година ќе биде запознаен Советот на Општина Гевгелија на седницата закажана за 28 јануари.