Објавен повик за посета на логопед за децата кои имаат проблем со говорот
Општина Гевгелија објави повик за пријавување деца
кои имаат потреба од логопед. Имено, во Работничкиот универзитет „Кирил и Методија“, по иницијатива на Општина Гевгелија, се воведува нова услуга за деца, за превентивни активности, едукација и третирање проблеми во вербалната комуникација. Пријавувањето започнува од денес, (понеделник, 31.01.2022) и ќе трае до петок (04.02.2022).
Пријавувањето ќе се одвива во просториите на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија (позади Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“), секој работен ден, од 08:00 до 16:00 часот или на телефонскиот број 077896808, кај лицето Tања Ангелкова.
Со оваа услуга се предвидува групна, индивидуална и окупациска терапија за отстранување на говорните општетувања кај децата.