Општина Гевгелија продолжува со активностите за зајакнување на финансиските капацитети
Општина Гевгелија продолжува со активностите за зајакнување
на финансиските капацитети. Во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, Oпштина Гевгелија се вклучи во едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина“. Која има за цел да ја информира јавноста за правата и обврските на даночните обврзници, но и за правата и обврските на Општината, поврзани со данокот на имот преку видео-материјали и летоци.
Имено, Општина Гевгелија, како партнер-општина на проектот, беше дел од Работилницата на УСАИД за споделување знаења и искуства на тема „Унапредување на даночниот морал“, на која го презентираше пристапот за поттикнување на наплата на даноците преку влијаење врз даночните обврзници.
Секој кој поседува имот во одредена општина, е даночнен обврзник со законско право на даночно решение за неговиот имот. Кој со законска обврска е должен навремено да го подмирува данокот. Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека кога навремено го подмирува данокот на имот, средствата од даноците го полнат Општинскиот буџет, со кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со тоа што придонесува за развојот на општината, во изградбата на: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, нови паркови, подготовка на еколошки проекти, нови проекти за индустриски развој и сл.
Пристап до промотивните материјали: https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=2s и мојот данок моја општина