Советот на Општина Гевгелија на 15 март ќе расправа за Завршната сметка на Општинскиот буџет
Советот на Општина Гевгелија, на својата 7 седница,
закажана за 15 март, 2022 година, ќе расправа по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за периодот од 1 јануари до 31 декември, 2021 година и Завршната сметка за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија во 2021 година. Исто така, Советот ќе расправа и за Програмата за финансирање проекти од областа на НВО за 2022 година, како и за иницијативата за доделување хуманитарна помош на граѓаните на Украина. На оваа седница, ќе се разгледуваат Завршните сметки за 2021 година на сите училишта во општината, ЈОУ Детска градинка „Детска радост“ и културните институции, Програмите за работа во 2022 година и Извештаите за работа во 2021 година на културните институции.
Советниците ќе бидат информирани и за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија, за состојбата со здравствената заштита на населението и состојбата со здравствениот кадар во јавните здравствени установи во општината, работењето на АД за водостопанство на РМ- Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија, состојбата со речните корита и одводните канали и за презементие активности на Општина Гевгелија за подготовка на Стратегија за локален економски развој. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот.
За 7 седница на Советот на Општина Гевгелија, е утврден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на Општина Гевгелија за периодот 01.01. - 31.12. 2021 година,
2. Предлог- Завршна сметка за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
3. Предлог-Програма за финансирање на проекти од областа на НВО во општина Гевгелија за 2022 година,
4. Предлог-Заклучок по Извештајот за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за такси-превоз на патници во општина Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за доделување хуманитарна помош на граѓаните од Украина,
7. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
8. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
9. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
10. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
11. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
12. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
13. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
14. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
15. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
16. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
17. Предлог- Решение за усвојување на Завршната сметка за 2021 година на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија,
18. Предлог- Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2021 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2022 година,
20. Предлог- Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2021 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2022 година,
22. Предлог- Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“ за 2021 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“ за 2022 година,
24. Предлог- Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2021 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2022 година,
26. Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во Јавните здравствени установи во општина Гевгелија,
27. Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ- Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија, за состојбата со речните корита и одводните канали во општина Гевгелија, нивно уредување и користење,
28. Информација за преземените активности за подготовка на Стратегијата за локален одржлив развој на општина Гевгелија,
29. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија,
30. Предлог-Решение за избор на член на Комисијата за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија,
31. Предлог-Решение за разрешување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално- финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
32. Предлог-Решение за именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално- финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
33. Предлог-Решение за разрешување членови во Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
34. Предлог-Решение за именување членови во Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
35. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за именување членови на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија.