Јавен повик за учество на претставник од граѓанските организации во евалуација на предлог-проекти
Заради обезбедување транспарентен и отворен процес
на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD 2 проектот, Општина Гевгелија, во соработка со УНДП, објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на поднесените предлог- проекти од граѓанските организации. Крајниот рок за доставување на апликациите на претставници од граѓанските организации за учество во Комисијата за евалуација е до 28 март, 2022 година, до 15:00 часот, исто колку што е отворен и Јавниот повик за поднесување предлог- проекти од граѓанските организации. Кандидатите треба да ги достават документите по електронски пат, на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Повеќе информации за начинот на аплицирање, потребната документација и обврските на набљудувачот можат да се добијат кај одговорниот проектен координатор: Весна Попова (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна цел на ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети, со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на општина Гевгелија.