Повторен Јавен повик за членство во Локално собрание на млади во Општина Гевгелија
Иницијативниот одбор за конституирање на
Локалното собрание на млади по вторпат објавува Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија. Повикот е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија и трае 10 работни дена (од 14 март до 25 март, 2022 година). На повикот можат да аплицираат членови од: Младински организации, Организации за млади, Политички подмладоци, Ученички организации, Студентски организации и други облици на Младинско здружување.
Повеќе информации за критериумите, потребната документација и начинот на аплицирање на следниов линк: Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија.