Усвоена Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година
Членовите на Советот на Општина Гевгелија, на денешната
7 седница, едногласно ја усвоија Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година. Вкупно реализираните приходи на Буџетот на Општина Гевгелија за минатата година изнесуваат 481.195.460 денари или 84,077 % од планираниот Буџет во вкупен износ од 572.359.707 денари. Приходите на Основниот буџет се реализирани во висина од 211.946.191 денар или 79,75% од планираните приходи во висина од 265.756.929 денари.
Според билансот на расходи на Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија, во 2021 година реализирани се вкупно 477.414.777 денари или 83,42% денари од вкупно планираните расходи за 2021 година, односно 572.329.707 денари. Капиталните расходи изнесуваат 93.376.934 денари и учествуваат со 19,57% во вкупниот биланс на расходи. Главно за капитални инвестиции, пред се за комунална и патна инфраструктура.
Покрај Завршната сметка, Советот на Општина Гевгелија едногласно го усвои и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија, за периодот од 1 јануари до 31 декември, 2021 година.