Реконструирана водоводна линија во Ново Конско
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија изврши замена на
дотраената водоводна линија во Ново Конско. Зафатот се изведе на потег во должина од 110 метри, во центарот на населеното место. Инсталирани се полиетиленски цевки со пречник од 110 мм. и издржливост на притисок од 10 бари. Како би се подобрил квалитетот на водоснабдувањето во ова населено место, надомести недостигот од вода, особено, во летниот период и спречат дефекти на мрежата.
Исто така, во Ново Конско е поставен и надземен противпожарен хидрант. Од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија истакнаа дека, согласно Програмата за работа на Комуналното претпријатие во 2022 година, стручните служби во наредниот период ќе продолжат со инсталирањето на надземни противпожарни хидранти и во останатите населени места во општината заради потребата од брза и ефикасна интервенција во случај на пожар.