Во општина Гевгелија попишани 21.582 лица
Во општина Гевгелија, вкупното резидентно население
изнесува 21.582 лица. Според објавените резултати на Државниот завод за статистика од Пописот 2021 година, попишани се 8.386 домаќинства и 10.833 стана. Од вкупниот број попишано население, 10.700 се мажи, а 10.882 жени. Како Македонци се изјасниле 19.778 лица, од кои 9.736 мажи, а 10.042 жени, 20 Албанци- 4 мажи и 16 жени, 59 Турци- 37 мажи и 22 жени, Роми 21- 11 мажи и 10 жени, 266 Власи- 156 мажи и 110 жени, 217 Срби- 125 мажи и 92 жени, 8 Бошњаци- 5 мажи и 3 жени, други неспомнати 162- 87 мажи и 75 жени, не се изјасниле 2 мажи и 2 непознати, од кои мажи.
Вкупното попишано население, во државата и надвор од неа изнесува 2, 097.319 лица, Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. Вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од резидентното население, како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % - се во возрасната група од 40-44 години. Попишанo е 51 лицe на возраст над 100 години.