Велигденска акција на Општина Гевгелија за социјално-ранливите семејства
Традиционално, секоја година, во пресрет на
големиот христијански празник Велигден, лицата од социјално-ранливите категории добиваат по една табла јајца, како една од активностите и мерки на Општина Гевгелија, утврдени во Буџетската програма за надминување на социјалните проблеми на најзагрозените граѓани кои не се во можност самите да си ги задоволат своите основни животни потреби.
Во пресрет на велигденските празници, Општина Гевгелија на 150 семејства од социјално-ранливите категории ќе им додели по табла јајца. Акцијата се реализира во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија. Табла јајца ќе добијат корисниците на минимална гарантирана помош, по список доставен од Јавната установа. Корисниците на минимална гарантирана помош ќе можат да ја подигнат таблата јајца во општинските простории (бараката позади Општина Гевгелија- Систем 48), за што ќе бидат информирани од страна на општинските служби.