Познати студентите на Општа медицина кои ќе бидат стипендирани од Општина Гевгелија
Марија Бојкова, Ева Петкова, Нина Ангелкова, Софија Маркова
и Кристина Коцева се петте студенти- добитници на стипендии, согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за стипендирање студенти, запишани на Медицинските факултети, жители на општина Гевгелија. По разгледувањето на пристигнатите апликации, Комисијата за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија донесе едногласна одлука Општина Гевгелија да ги стипендира горенаведените студенти, запишани на Општа медицина во студиската година 2021/2022 година, согласно критериумите во Правилникот за доделување стипендии на студенти, жители на општина Гевгелија.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 месечно, за 10 месеци во академската година, се до завршувањето на факултетот. Средствата ќе бидат обезбедни од Буџетот на Општина Гевгелија, а ќе се доделат согласно потпишаниот договор за стипендирање.
Одлуката за доделување стипендии на студенти, жители на општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети во студиската 2021/2022 година, е објавена на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија.