Гевгелија покажа и докажа како треба да се навива на спортските натпревари
Сите по ред - електронски и печатени медиуми, социјалната мрежа и секојдневните коментари,
се едногласни по меѓународниот кошаркарски натпревар Македонија-Косово, кој се одигра во гевгелиската сала „26 април“:
Гевгелија покажа како треба да се навива на еден важен и меѓународен спортски натпревар. Притоа, констатираат дека Гевгелија како домаќин мора да добие голема почит за организацијата на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Косово.
Трибините во салата „26 април“ беа полни до последното столче, а навивачката група Фантоми беше вистинскиот предводник на навивачите во Гевгелија, кои сплотени во еден глас, беа еден играч плус за нашата репрезентација вечерва.
Позитива на денот е што од навивачката група Фантоми и од општата публика во салата, немаше ниту еден повик како во минатото на верска и национална основа, нешто поради кое што мора да добијат голема и позитивна оценка, како пример за некои идни навивања во било кој спорт за Македонија.