За 29 април, закажана 9 седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија, на 29 април, 2022 година,
ќе ја одржи својата 9 седница. Советот ќе заседава по Извештаите од реализацијата на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2021 година. Исто така, членовите на Советот ќе расправаат по предлог-одлуки за прифаќање на неколку иницијативи: за измена и дополнување на УП за село Прдејци- Блок 5, за изработка на измена и дополнување на ДУП за дел од блок 10.2, за изработка на измена и дополнување на дел од Блок (1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7) од УП за село Богородица. На 8 седница, ќе уследат и предлог-измените и дополнувањата на Програмата за изработка на УП во Гевгелија за 2022 година и предлог-измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година. На дневен ред, за усвојување ќе се најдат и Годишнот финансов план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2022 година, Извештајот за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија за 2022 година и Програмата за работа на работното тело за 2022 година, Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот од 1 јануари до 31 декември, 2021 година и Завршната сметка на Јавното комунално претпријатие за 2021 година. На оваа седница, ќе уследат и советнички прашања.
За работа на Советот на Општина Гевгелија на 9 седница е утврден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Југоисточен плански регион за 2021 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2021 година,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2021 година,
4. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за реонизација на општинските основни училишта на територијата на Општина Гевгелија,
5. Предлог-Решение за запишување на ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2022/2023 год.,
6. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2022 година,
7. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за Измена и дополнување на Урбанистички план за село Прдејци - Блок 5, општина Гевгелија (барател: ДПТУ "ДОРЛЕНД" ДООЕЛ од с.Прдејци),
8. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Измена и дополнување на Детален Урбанистички план за дел од блок 10.2, општина Гевгелија (барател: "МАКПЕТРОЛ" ДООЕЛ од Скопје),
9. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Изменување и дополнување на дел од Блок (Блок 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7) од Урбанистички план за село Богородица, КО Богородица - општина Гевгелија (барател: Васил Јанкулов од Гевгелија),
10. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Гевгелија за 2022 година,
11. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година,
12. Предлог-Препорака за зголемена полициска контрола на патниот правец Смоквица-Прдејци,
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот финансов план на JOУ Пионерски дом "Јосип Броз - Тито" за 2022 година,
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија за 2021 година,
15. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија за 2022 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност на финансиски извештај на ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија за периодот 01.01.2021г. - 31.12.2021 год.,
17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишна завршна сметка на ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија за 2021 година,
18. Предлог-Решение за давање согласност на Извештај за работењето на ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија за 2021 година,
19. Предлог-Решение за разрешување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија (Ивана Чабулева),
20. Предлог-Решение за именување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија,
21. Предлог-Решение за разрешување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија (Тодор Ѓоков),
22. Предлог-Решение за именување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија,
23. Предлог-Решение за разрешување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија (Сава Чурлинова- Костова),
24. Предлог-Решение за именување член на Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија,
25. Предлог-Решение за разрешување на член на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Општина Гевгелија (Кристина Бичанин),
26. Предлог-Решение за именување на член на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Општина Гевгелија (директор Васка Јанчев),
27. Информација за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија, (од J3У Општа болница- Гевгелија),
28. Информација за одржаниот Туристички саем во Белград, Р. Србија, на кој Општина Гевгелија зеде учество заедно со Општините Дојран, Охрид и Демир Капија.
29. Советнички прашања.
9 седница на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот.