Упис на првачиња во учебната 2022/2023 година
Врз основа на член 60 од Законот за основно образование
(„Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се органиизра во три периоди. Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2022 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2016 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2017 година. Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај, 2022 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:
- ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија 078/447-373;
- ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија 070/624-311;
- ООУ „Климент Охридски“ - Миравци 071/367-717;
- ООУ „Ристо Шуклев“ - Негорци 075/260-839.
Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.