Се калдрмисува патека во село Ума
Започнаа градежните работи за оформување
на калдрмисана патека во с. Ума, која е една од активностите во рамки на проектната иницијатива „Мегленија“, што ова Здружение ја поднесе до УСАИД како дел од проектот „Програма за развој на заедницата“. Имплементатор е Мрежата за рурален развој, а партнер е Локалната акциска група „Бојмија“. Патеката е со должина од 185 метри, на потег од црквата на влезот во Ума до центарот на населеното место.
Во реализацијата на оваа партнерска активност, покрај УСАИД со свои средства и ангажман, учествуваат: ЗГ „Мегленија“, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија, како и општествено-одговорни компании од општина Гевгелија.