Субвенции за набавка на велосипед
Советот на Општина Гевгелија, на денешната десетта седница,
го прифати предлогот за субвенционирање на трошоците на граѓаните за набавка на велосипед. Според донесената одлука, поединечната субвенција по барател, односно домаќинство, ќе изнесува 5.000 денари во бруто износ, односно 4.500 денари во нето износ. За оваа намена, во Буџетот на Општина Гевгелија се планирани 500.000 денари.
Субвенционирањето ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен“, по објавениот јавен повик, на кој можат да се пријават сите граѓани, поточно, еден член на домаќинството. Субвенционирањето ќе се врши сè до целосното искористување на планираните буџетски средства. Во јавниот повик, ќе бидат утврдени потребните услови и начинот за аплицирање за субвенција на трошоците за набавка на велосипед, а ќе можат да учествуваат само граѓани на општина Гевгелија.