Општина Гевгелија ќе учествува со 2.138.378 денари за реконструкција на Домот на културата во Моин
Општина Гевгелија аплицираше со проектот за реконструкција
на Домот на културата во населеното место Моин „Kултурно богатство- наследство за идните генерации“ преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на Јавниот повик на Бирото за регионален развој. На 10 седница, Советот на Општина Гевгелија донесе Oдлука за сопствено учество во реализацијата на проектот. Вкупната проценета вредност за планираните активности на реконструкцијата изнесува 13.551.139 денари, од кои 11.412. 761 денар од Бирото за регионален развој, а Општина Гевгелија ќе учествува со 2.138.378 денари од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Имено, Општина Гевгелија учествуваше на две форумски сесии, организирани од Југоисточниот плански регион, кои се реализираат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој- 2 фаза“, финансиран преку Швајцарската Агенција за развој и соработка и Владата на Република С. Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа. На втората форумска сесија, беа утврдени предлог- проекти за прифаќање, како дел од Програмата на МЛС/БРР за рамномерен регионален развој за 2022 година, со индикативно планирани средства за 2023, меѓу кои влезе и предлог-проектот на Општина Гевгелија. Веднаш потоа, уследи 8 седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која беа презентирани предлог- проектите, а од страна на градоначалниците беше донесена едногласна Одлука во утврдувањето на Листата на регионални предлог- проекти за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година да влезе и предлог-проектот на Општина Гевгелија.
Со Проектот за реконструкција на Домот на културата во населеното место Моин, се предвидени градежни работи, електрична инсталација и уредување на санитарни јазли.