Света Златоустова Литургија по повод Спасовден
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска, во утринските часови, присуствуваше на Свечената Златоустова Литургија по повод големиот христијански празник Вознесение Христово- Спасовден. Литургијата се служеше во манастирот „Св. Спас“, а со неа чиноначалствуваше отецот Љупчо Миланов.
Пред многубројните верници собрани во манастирската црква „Свети Спас“, отецот Миланов упати благослов до Градоначалникот, како и до сите граѓани и добредојденци во општината, без разлика на нивната религија.
- Градоначалниче, нека ова биде за спасение ваше и на целата општина. Да се молиме за здравје и спасение за сите православни христијани кои живеат во неа, но и за сите оние кои иако не се православни христијани, дошле во Гевгелија да си најдат свој дом, истакна отецот Миланов при осветувањето на спасовденскиот колач.