Со изложбата на ДЛУГ и Концерт на класична музика, завршува чествувањето на Спасовден
На третиот ден од чествувањето на Спасовден,
во фоајето на Народниот театар- Гевгелија, денеска, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена Изложба на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ. Во поставката, со свои дела учествуваат: Борис Петров, Јордан Јанев Дане, Атанас Крстов, Никола Бутров, Данчо Кал’чев, Драги Хаџи- Николов, Фиљо Танов, Михаил Петров, Миле Ничевски, Гордана Петрова, Вангел Срнаков, Мирјана Крстева Массетти, Катерина Чугунска, Дамјан Ѓуров, Пето Кованцалиев, Иван Кал’чев, Адријана Манчева, Анамарија Кал’чева Митриќеска, Сотир Хаџи- Николов, Александар Јанев, Ѓорге Петровски и Елена Ѓуров.
По Изложбата на ДЛУГ, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи Концерт на дуото- д-р Ана Гацева (пијано) и м-р Маја Чанаќевиќ. Ќе бидат изведени дела од: Марчело, Барат, Шуберт, Зографски и Ликл.
Со овие два настана, завршуваат активностите од културно-уметничка програма по повод Спасовден, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија.