Во општина Гевгелија, одржана Меѓународна изложба на расни кучиња
Изминатиов викенд, во општина Гевгелија,
во Негорските Бањи, се одржа Меѓународна изложба на расни кучиња и две изложби на ЦАЦИБ, во организација на Кинолошкото друштво „Кожуф“- Гевгелија. На дводневниот настан, учествуваа претставници од десетина земји од Европа: Полска, Украина, Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Романија, Хрватска, БИХ, Германија.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој, исто така, присуствуваше на Меѓународната изложба „Гран при Гевгелија 2022“ година, во своето обраќање им посака добредојде на сите учесници, посетители и судии. Имено, задоволен од огранизацијата, истакна:
- Особено, ме радува што се присутни поголем број гости од земјава и од странство, затоа што тоа придонесува во промовирањето на општина Гевгелија и нејзините можности за развој на туризмот. Гевгелија е позната по пријатната клима, прекрасната храна и гостопримството.