Општина Гевгелија претставена во баскет на првите Спортски велешки игри
Петчлена екипа, составена од: Славчо Илков, Кире Тошев,
Тодор Божинов, Митко Јакимовски и Ѓорге Митров, а поддржани од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја претставија Општина Гевгелија во натпреварот во баскет на првите Спортски велешки игри- Атлантис Инвест груп. Кошаркарската екипа на општина Гевгелија одигра натпревар со велешка екипа. Имено, нашата екипа го освои првото место во натпреварот во шутирање тројки. Во финалето, Тодор Божинов постигна од 10, 7 погодоци.
На првите Спортски велешки игри, во организација на „Евентиве“, учестуваа 400 спортисти од Македонија. Натпреварите во различни спортски дисциплини се одиграа на спортските терени во Градскиот парк, во Велес. Спортскиот настан е поддржан од Општина Велес, а генерален покровител е Атлантис Инвест груп.