Oд 14 јуни, започнува третирањето против комарци во рамките на ЈИПР
Oд 14 јуни, 2022 година, ќе започне третирањето против комарци,
кое годинава повторно се спроведува во рамките на Југоисточниот плански регион, на подрачјата на 10 општини.
- Поради техничките проблеми и нефункционирањето на Системот за јавни набавки, дојде до пролонгирање на процесот за избор на изведувач, па затоа прскањето против комарци не можеше да биде започнато во планираниот временски период, истакна директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.
Имено, на 6 седница на Советот за развој на ЈИПР, градоначалниците на 10 општини донесоа едногласна одлука овогодинешниот третман против комарци повторно да биде во рамките на ЈИПР со две ларвицидни прскања и 2 авионски прскања против возрасни комарци.
За терминот кога ќе се спроведе прскањето на подрачјето на општина Гевгелија, локалната самоуправа навремено ќе ги информира граѓаните за преземање мерки за заштита.