Од репертоарот на Драмската секција при ЈОУ Дом на култура- „Мачорот во чизми“ и „Обична бајка“
По успешната премиера на „Волшебното кутивче“,
неделава, во исчекување се премиерите на уште две претстави од подготвениот репертоар на Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. На 16 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде прикажана театарската претстава за деца „Мачорот во чизми“, по мотиви од Шарл Перо. Преку итроштините на Мачорот во чизми, публиката ќе дознае за неговото пристигнување во кралскиот дворец и постигањето на неговата цел.
Изведбата на театарската претстава „Обична бајка“ на Сашо Огненовски е закажана за 18 јуни, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот. „Обична бајка“ е претстава што ги испреплетува реалноста и фантазијата. Мешањето на реални со епски јунаци во претставата ја открива универзалната вистина дека секој човек има своја убавина и дека силата постои во секој од нас. Влезот е бесплатен.
Претставите се во режија на Катица Џишева Дупарова, раководител на Драмската секцијa при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Сценографијата е на Гордана Петрова, а костимографијата за „Волшебното кутивче“ на Михаил Петров.