Во тек е аплицирањето на граѓаните за добивање субвенции за набавка на велосипед
Во тек е аплицирањето на граѓаните од општина Гевгелија
за добивање субвенции за набавка на велосипед. Имено, од 20, заклучно со 21 јуни, 2022 година, за субвенции за набавка на велосипед аплицираа 83 граѓани од општина Гевгелија. До потрошувањето на вкупната сума за таа намена во висина од 500.000 денари, остануваат субвенции во висина од по 5.000 денари уште за 17 граѓани.
Општинската комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање граѓани од општина Гевгелија за набавка на велосипед, согласно Одлуката на Советот на Општина Гевгелија, денеска (22 јуни, 2022 година), продолжува со примање на потребната документација за добивање субвенции во просториите на Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии (Стара градинка, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.