Започна изградбата на улицата „Новопланирана 9“ во Гевгелија
Започна изградбата на улицата „Новопланирана 9“,
во Урбан блок 10.2, во Гевгелија. Станува збор за поголем крак кој ги поврзува градежните парцели со намена домување во станбени згради со улицата „7 Ноември“, во северниот дел на градот. На улицата ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање и уредување на тротоарите со поставување бетонски рабници. Должината на улицата изнесува околу 90 м. Изградбата на улицата е со средства од Општинскиот буџет, од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2022 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на теренот, на денот на воведувањето во градежните работи. Според него, изградбата на оваа улица претставува важно сообраќајно решение во северниот дел каде се шири градот, со што ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните.