Излезе од печат најновиот број на општинското гласило „Гевгелиски магазин“
Излезе од печат најновиот број на општинското гласило
„Гевгелиски магазин“ кој информира за актуелностите и настаните во општина Гевгелија и донесува повеќе интересни написи и разговори со актуелни личности. Тема на овој број на општинскиот магазин е „Нова инфраструктурна слика“ која ги опфаќа значајните проекти за реализација од особено значење за урбаното живеење на граѓаните годинава. Весникот информира и за другите актуелности во Општината, за работата на Советот на Општина Гевгелија и изминатите активности на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
На страниците на „Гевгелиски магазин“ е интервјуто со раководителот на Секторот за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина, Ирена Томчева, разговорот со прретседателот на АК „7 Ноември“, Игор Коцевски. Опфатени се спортските и културните збиднувања по повод Спасовден, а, исто така, ја донесува и репортажата за одржувањето на „Ѓура Мара“. Во најновиот број на „Гевгелиски магазин“, три страни се посветени на младите, на кои се застапени и разговорите со наставничката по Ликовно образование, Анамарија Митриќеска- Кал’чева и Костадин Динев, раководителот на Секцијата за групни часови по гитара и бас- гитара и басист на групата „Зијан“.