11 седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 29 јуни
На 29 јуни, 2022 година, закажано е одржувањето на
11 седница на Советот на Општина Гевгелија. На 11 седница, Советот ќе ги разгледува Предлог-Одлуката за утврдување приоритет на проект „Пристапен пат до земјоделско земјиште во КО Мрзенци, општина Гевгелија“ и Предлог-Одлуката за давање согласност на намената на инвестицијата „Пристапен пат до земјоделско земјиште во КО Мрзенци, општина Гевгелија“. Станува збор за носење одлуки во врска со аплицирањето на Општина Гевгелија на Вториот јавен повик на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2022 година. За што Општина Гевгелија треба да обезбеди средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, кои по завршувањето на реализацијата на инвестицијата ќе бидат вратени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Буџетот на Општина Гевгелија.
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, ќе се расправа по измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежното земјиште во Гевгелија за 2022 година, како и техничка исправка на ГП 3.24 и 3.24а од ДУП Блок 16, општина Гевгелија. Исто така, на усвојување ќе уследат и неколку иницијативи од баратели за изработка на урбанистички проекти во населените места. На 11 седница на Советот, ќе уследат информации за состојбата со постапувањето по барањата за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во општината, состојбата со јавното осветлување, состојбата со занаетчиската дејност и состојбата со водата за пиење.
Ќе се дискутира и по Кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот јануари-март, 2022 година, за измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година, како и за Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија.
На 11 седница, Советот на Општина Гевгелија ќе работи по следниот дневен ред: