Бетонирани повеќе улици и улични краци во населените места од општина Гевгелија
Во населените места од општина Гевгелија, во рамките на
летната акција за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година, периодов се реализираа градежни активности за изградба и реконструкција на улици и краци. Имено, бетонирана е улица во Петрово, доизградена е улица во Смоквица, а во Миравци бетонирани се повеќе улични краци и тоа на: „Кирил Танев“, „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Митров“ и „Партизанска“.
При увидот во градежните работи, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека целта на реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција и рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици е решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Општина Гевгелија продолжува со понатаму решавање на секојдневните проблеми на граѓаните.