Фондацијата „Борјан Петковски“ донираше возило на Општата болница- Гевгелија
Oпштата болница со проширена дејност- Гевгелија доби
донација од Фондацијата „Борјан Петковски“- Гевгелија. Имено, семејството Петковски, во чест на нивниот прерано починат син и брат, на Општата болница- Гевгелија и донираше возило. Возилото го предадоа двајцата браќа на Борјан, кои се надеваат дека ќе придонесе во извршувањето на секојдневните задачи на Болницата што е од општа корист на сите граѓани како од општината, така и од околината. За Борјан истакнаа дека ја сакал медицината и стоматологијата, и општото добро кај сите луѓе. Бил одличен студент, постигајќи одлични резултати, посветен на докторската професија.
Во име на сите вработени во Општата болница- Гевгелија, директорот, д-р Митко Крџев, ја истакна благодарноста со семејството Петковски за хуманиот гест и вредната донација на Фондацијата „Борјан Петковски“, која не само што ќе биде од корист во секојдневното работење на Болницата туку и ќе го чува засекогаш споменот на нашиот сограѓанин Борјан.