Заврши асфалтирањето на улицата „Ристо Шуклев“ во Гевгелија и изградбата на нова улица во Давидово
Заврши асфалтирањето на улицата „Ристо Шуклев“
во Гевгелија. Имено, на малата, но фреквентна сообраќајница во централното градско подрачје, на потегот од месарата „Купанов“ до поранешната кафана „Итар Пејо“ заедно со реконструкцијата на долниот строј и асфалтирањето, беше извршено и нивелирање на канализационите шахти.
Покрај асфалтирањето на улицата „Ристо Шуклев“ во Гевгелија, изградена е и нова улица во Давидово, во горниот дел од населеното место. Каде градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид по нејзината изградба. При увидот, градоначалникот Сарамандов со претставници на Месната заедница на Давидово разговараше за приоритетните потреби на жителите на ова населено место, кои значително би го подобриле нивниот живот.
- Она што било запоставено со години наназад, ќе се решава согласно можностите, наведувајќи дека акцијата за реконструкција и асфалтирање на улиците во Гевгелија и населените места ќе продолжи и во наредниот период, бидејќи секое населено место од општината е подеднакво важен, истакна Сарамандов.